§ Правно

Политика за приватност

Последно ажурирано: март 2026

Адвокатската канцеларија «Пулејков» ја почитува вашата приватност. Оваа политика објаснува какви податоци собирам преку веб-страницата и како ги користам.

01

Кои податоци ги собирам

Собирам само податоци кои доброволно ги доставувате преку формата за контакт: ime и презиме, е-пошта, телефонски број и содржина на вашата порака. Не собирам чувствителни лични податоци и не создавам кориснички профили.

02

Kako ги користам вашите податоци

Податоците од формата за контакт ги користам исклучиво за да одговорам на вашето прашање и за евентуално воспоставување на адвокатско-клиентски однос. Вашите податоци не ги споделувам со трети лица, освен доколку тоа е потребно за обезбедување на правната услуга.

03

Колачиња (Cookies)

Веб-страницата користи Cloudflare Web Analytics за анонимна статистика на посетеноста. Овој сервис не користи колачиња за следење и не собира лични податоци на посетителите. Може да се користат технички колачиња неопходни за функционирање на страницата.

04

Заштита на податоците

Преземам разумни технички и организациски мерки за заштита на вашите лични податоци од неовластен пристап, губење или злоупотреба. Комуникацијата преку веб-страницата е заштитена со SSL енкрипција.

05

Вашите права

Имате право да побарате пристап до вашите лични податоци, нивна корекција или бришење. За какви било прашања поврзани со приватноста, контактирајте ме на office@pulejkov.mk.